Исландска министерка поднесе оставка, пред 36 години имала дете со тинејџер

Министерката за деца на Исланд, Естилдур Лоа Торсдотир поднесе оставка откако призна дека пред 36 години добила дете од врска со тинејџер, објави BBC.

Торсдотир изјави дека врската ја почнала кога момчето имало 15 години, а таа имала 22 години и била советник во религиозната група на која членувал тинејџерот Ерик Асмундсон. Таа го родила детето на 23-годишна возраст, кога момчето имало 16 години.

„Поминаа 36 години, многу работи се сменија и сигурно денес би постапила поинаку“, изјави 58-годишната Торсдотир.

Асмундсон бил дел од верската организација „Вера и живот“ поради домашни проблеми, каде работела Торсдотир.

За скандалот синоќа објави Исландската новинска агенција РУВ, наведувајќи оти Асмундсон присуствувал на породувањето и поминал една година заедно со детето. Кога Торсдотир го запознала сегашниот сопруг му го искратила правото на Асмундсон да го гледа синот.

Торсдотир иако поднесе оставка од функцијата изјави дека не планира да го напушти Парламентот.

На Исланд границата за согласност на сексуален однос е 15 години, законот забранува сексуални односи со лице помладо од 18 години ако сте негов учител или ментор, ако тие се финансиски зависни од вас или ако работат за вас. Максималната казна за таков прекршок е три години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот