Исландска поезија: „Достава до дома“ од Сигурбјорг Прастардотир

Деновиве од печат излезе стихозбирката „Достава до дома“ од Сигурбјорг Прастардотир, во издание на „ПНВ Публикации“, во рамките на едицијата „Гравири“. Изборот и препевот од англиски јазик се на Јулијана Величковска. Изданието е објавено со поддршка од Исландскиот литературен центар.

– Книгата на Прастардотир содржи песни со изнијансиран јазик, со луцидно размислување и раскошна имагинација, култивирана во најдобра смисла на зборот, песни со извонредна прецизност. За македонскиот читател книгата отвора нови возбудливи простори, нè соочува со светот на природата (од север) во која го наоѓа искуството на модерниот промислен поетски говор за елементите по прашањето на моменталната егзистенција: од молк до гнев, од кризата на комуникациите до апсурдот на урбаната самотија. Деталите на камерниот свет што обилува во овие стихови се глас на секојдневието, глас што зборува за стварноста и ја открива универзалната драма на модерниот човек, напиша поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

Сигурбјорг Прастардотир (Исланд, 1973) е авторка на осум стихозбирки, два романа, неколку збирки со ултракуси раскази и неколку изведени драми. Нејзините песни се преведени на десетина јазици, од фризиски до француски јазик. Соработува со многу фотографи и композитори и редовно пишува колумни за електронски и печатени медиуми во Исланд.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 29, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 1-3 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот