Исланд со провокација на Евросонг, обезбедувањето веднаш реагираше (ФОТО+ВИДЕО)

Исланд ја искористи Евровизија за протест против израелската окупација на палестински територии.

Членовите на исландските претставници на Евровизија ги држеа во раце шаловите со боите од Палестина додека беа во фокусот на главната камера. Тие ги виореа знамињата за време на соопштувањето на бројот на поените кои тие ги добија од публиката. Нивниот потег беше проследен со свирежи од голем дел од присутните во салата во арената Експо.

Претставниците на Исланд овој потег го направија со цел јасно да го изразат своето противење кон израелската окупација на Палестина и да укажат на кршењето на човечките права во оваа земја за што и претходно многу пати говореле.

Интересен момент беше тоа што после само неколку секунди откако тие ги кренаа шаловите од Палестина, им пријде еден член од обезбедувањето и им ги одзема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот