Исланд извлече реми со Грција – Слободен печат
РакометСпорт

Исланд извлече реми со Грција

Селекцијата на Исланд со два гола во последната минута успеа да остане непоразена на гостувањето кај Грција, играјќи 28:28 во квалификациите за ЕП 2020.

Со овој кикс, исланѓаните и направија услуга на Македонија која со победа против Грција во недела ќе го обезбеди првото место во групата 3.

Во преостанатите натрпевари, најголемото изненадување го направи Косово кое одигра нерешено со поранешниот светски вицешампион, Полска. Изненадувањето ќе беше поголемо доколку полјаците не постигнаа гол во последните моменти од натпреварот за 23:23.

Кикс направи и Словенија која е поразена на гостувањето кај Летонија со 25:24 но и двете репрезентации обезбедија пласман на ЕП 2020.

Резултати
Група 1
Израел – Германија 25:40
Косово – Полска 23:23

Група 2
Швајцарија – Хрватска 28:33
Белгија – Србија 26:37

Група 3
Турција – Македонија 25:26
Грција – Исланд 28:28

Група 4
Летонија – Словенија 25:24

Група 5
Финска – Чешка 24:26
БиХ – Белорусија 25:31

Група 7
Словачка – Унгарија 20:21

Група 8
Украина – Данска 30:33

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close