Исланд го издаде првиот „пасош” за вакцинација против коронавирус

Фото: Миа

Исланд го издаде првиот „пасош” за вакцинација против коронавирусот за да ги олесни меѓународните патувања за своите граѓани кои веќе ја примиле вакцината, пренесе Гардијан.

Сите 4.800 граѓани кои примиле две дози од вакцината можат да аплицираат за дигиталниот сертификат, соопшти исландското Министерство за здравство.

Министерството додаде дека целта е да се олесни движењето на луѓето меѓу земјите, на начин што лицата кои примиле вакцина може да покажат потврда за вакцинација на граничните премини за да можат да бидат изземени од ограничувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот