Исланд е првата земја што ги укина сите мерки против ковид-19

Фото: Миа.мк

Исланд ги укина сите внатрешни ограничувања наметнати поради борба против ковид-19.  Рестриктивните мерки беа воведени во март 2020 година.

Речиси година и половина подоцна, според исландската влада, 87 отсто од возрасните примиле барем една доза вакцина, а околу 60 проценти се целосно имунизирани.

Од вчера, исландските граѓани повеќе не се обврзани да одржуваат физичка дистанца. Барањата за носење маски и ограничувања на собирите исто така се укинати.

Од 1 јули, туристите кои ќе покажат потврда за вакцинација против ковид-19 или потврда за прележана болест, нема да мораат да направат тест при влез во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот