Истражување покажува дека Исланд е најмирна земја во светот, Авганистан е најнебезбедна

Исланд е оценета за најмирна земја во светот во 2020 година, според податоците објавени во истражувањето на „Global Peace Index”, позиција кој ја држи од 2008 година, а потоа следуваат Нов Зеланд, Данска, Португалија и Словенија.

Глобалниот мир е влошен деветта година по ред, оваа година за 0,07 проценти. Сепак, тоа е второ најмало влошување забележано во досегашните истражувања.

Авганистан се уште е најмалку мирна земја во светот. Понатаму, во годинешниот извештај, осум од десетте најмирни земји во светот се наоѓаат во Европа, што го прави тој континент најбезбеден регион во светот.

Босна и Херцеговина се наоѓа на 72. место, што е подобрување за две места во споредба со претходното истражување.

Од земјите во регионот, Хрватска е рангирана на 17. место. Северна Македонија е на 40. место, Србија на 44., Албанија на 48., Црна Гора на 51. и Косово на 80. место.

Индексот ги оценува земјите врз основа на три аспекти: општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и нивоа на милитаризација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот