Исламските екстремисти убија девет цивили во Мали

Исламистички екстремисти, во возила и вооружени со митралези, убија девет цивили во напади врз три села во централниот дел на Мали, соопштија денеска локалните власти.

Две групи ги нападнаа етничките села Догона – Гореј, Симиканда и Џамнати во регионот Мопти, што во последните неколку години се разурнувани од исламисти и меѓуетничкото насилство, соопштија официјалните лица, пренесоа британските медиуми.

Мулај Гвиндо, градоначалникот на Банкас, лоциран во близина на Гор и Симиканд, за нападите ги обвини истите екстремисти кои минатиот четврток убија осум лица во нападите на воена пошта и базата на жандармеријата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот