„Исламски џихад”, сепак, потврди: Постигнат е договор за прекин на огнот со Израел

Архива

Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестински „Исламски џихад” (ПИЈ), изјави вечерва за „Ал Кудс њуз” портпаролот на ПИЈ, Мухамед ал Хинти.

Договорот за прекин на огнот го вклучува и ослободувањето на лидерот на „Исламски џихад”, Басем Сади, јави весникот „Џерусалем пост”.

Апсењето на Сади пред неколку дена беше повод за отворени непријателства и конфликти меѓу Израел и ПИЈ, а во петокот Израел ја почна операцијата „Зора” против оваа палестинска милитантна организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот