Исламски џихад започнува војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестински Исламски џихад денеска соопшти дека се подготвува за војна со Израел откако во израелски воздушен напад рано утринава беше убиен нејзиниот командант за северот од Појасот Газа.

– Ние одиме во војна. Нетанјаху ги мина сите црвени линии со убиството на командантот на Бригадата Ал-Кудс, Наха Абу ел-Ата. Ќе одговориме силно, изјави генералниот секретар на Исламски џихад, Зијад ал-Накхала, за арапските медиуми.

Во соопштението на Исламски џихад, по целното убиство на Аби ел-Ата се наведува дека „овие терористички злосторства се агресија и објава на војна на палестинскиот народ и непријателот ќе ја сноси одговорноста за нив”.

Покрај тоа, во соопштението се додава дека военото крило на организацијата Бригадите ал-Кудс најавува „мобилизација на сите свои борци и дека почна да возвраќа на агресијата и тероризмот и силовито и храбро ќе продолжи да го брани достоинството на палестиснкиот народ”.

Аби ел-Ата(49) , како што се соопштува, беше еден од најистакнатите членови на воениот совет и командант на северниот дел од Појасот Газа.

И движењето Хамас претходно соопшти дека убиството на Аби-ел-Ата нема да мине неказнето, а не неговиот погреб беше кажано „твојата крв, е и наша крв”.

Преговарачот од палестинската управа Саеб Еерекат, исто така, кажа дека израелската Влада ја „сноси целосната одговорност за последиците од ова злосторство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот