Исламската заедница на Косово ги суспендира молитвите и другите манифестации во џамиите поради коронавирусот

Исламската заедница на Косово (БИК) објави денеска дека, поради опасноста од ширење на коронавирусот, времено се суспендираат дневните молитвени собири со ритуали на клањање и другите верски обреди во џамиите низ земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението што во попладнево го објави БИК, се вели дека „верска обврска е стриктното почитувањето на сите одлуки, мерки и препораки произлезени од надлежните институции на Република Косово во спречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19“.

БИК им препорачува на муслиманите верските обреди да ги вршат во своите домови, без да се мешаат во групи со други верници.

– Се одлага наставниот процес во сите наши образовно-верски институции, верската настава во сите џамии и медреси, како и работата во сите ученички домови на Исламската заедница на Косово. (…) Се наложува дезинфекција на сите образовни објекти, на административните објекти на ИЗК, како и на верските објекти. Привремено се одлага организирањето на предавања, трибини, семинари и разни средби со верниците – се вели, меѓу другото во објавата на БИК.

Организацијата на косовските муслимански верници исто така препорачува да се откажуваат традиционалните изразувања на сочувство во смртни случаи, верските и семејни церемонии, како што се сунетот, мевљудите, венчавките и свадбите, како и погребните церемонии да се организираат во што потесен круг на членовите на семејствата.

Исламската заедница ги охрабрува верниците да водат повеќе сметка за хигиената, почитувајќи ги верските принципи и препораките на надлежните институции и ги потсетува дека „ширењето дезинформации, кои предизвикуваат вознемиреност и непотрбна паника кај граѓаните, како и кревањето на цените на прехрамбените намирници и на лековите во кризни времиња, се забранети од верата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот