Исламистички бунт во Нигерија: Џихадисти убија две лица и киднапираа 20 деца

Деца од Нигерија /Фото: EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Џихадисти убија две лица и киднапираа 20 деца во нигериската држава Борно, каде што повеќе од една деценија беснее исламистички бунт, соопштија денеска еден од водачите на заедницата и двајца жители.

Жителите и водачите на заедницата изјавија дека џихадисти од западноафриканскиот клон на Исламската држава вчера го нападнале североисточното село Пиеми во близина на градот Чибок, при што убиле двајца мажи и заробиле 13 девојчиња и седум момчиња.

Претставник на локалната власт го потврди нападот, но не даде детали за киднапирањата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот