Исламисти го зазедоа хотелот „Хајат“ во главниот град на Сомалија

Фото: EPA/BADRI MEDIA

Непознати напаѓачи ја презеле контролата врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, на што претходеле две експлозии и пукотница, соопшти денеска полицијата.

„Цел на нападот извршен со два автомобили-бомби бил хотелот ‘Хајат’. Едното возило удрило во оградата во близина на хотелот, а другото во хотелската порта. Најверојатно терористите се во хотелот”, ја пренесуваат агенциите изјавата на локален полицаец.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Засега нема информации за жртви во инцидентот, но експлозии се слушнале и по упадот на напаѓачите во хотелот.

Хотелот „Хајат“ е популарно собиралиште на пратеници и владини претставници.

Денешниот напад е првиот поголем напад откако претседателот Хасан Мохамуд ја презеде функцијата во мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот