Искуство на белграѓанката Јасмина која нашла паричник полн со пари: „Следниот пат ќе го шутнам!“

„Штом го најдов, сакав веднаш да одам во полиција, тука е близу, да го предадам, но брзав на работа и си реков ајде прво на работа за да не ме обвинат дека доцнам, па уште и лажам дека сум отишла во полиција да го предадам изгубениот паричник“.

– Си реков нема шанса, ја започнува својата исповед белграѓанката Јасмина (32) која минатата недела во самиот центар на градот, на патот од Булевар до Безистен, нашла паричник полн со пари и картички со сите, буквалално сите, документи на сопственикот.

– Гледам на улица паричник, го земам, го отворам…полн е со пари и различни картички, меѓу нив и две од банка. Документите се сите на број, и тоа баш сите…лична карта и здравствена и возачка и што уште не…Сè електронско. Кога ќе ги изгубиш ти треба половина година сите повторно да ги извадиш, а за трошоците да не зборуваме…Гледам, полн е со пари, некому му испаднал…Не се џепароши, тие ги земаат парите и ги фрлаат документите заедно со паричникот во првиот контејнер. Ова некој минал, си велам,  и му испаднал од џебот. Веројатно е маж, тие обично ги носат паричниците во задните џебови од панталоните, раскажува Јасмина за „Новости Магазин“.

Прочитајте и...  Синот на Џони Деп избегнува да биде во центар на внимание, но папараците се упорни (ФОТО)

Штом го нашла паричникот, Јасмина сакала веднаш да оди во полиција и да го предаде, но брзала на работа и си рекла „ајде прво на работа за да не ме обвинат дека доцнам, па уште и дека лажам дека сум била во полиција да предадам изгубен паричник“.

– Дури кога дојдов во фирмата, колегите ми се нафрлија. Дали си нормална, како ќе одиш во полиција, па уште и да те обвинат дека си зела пари од паричникот, па божем си дошла да пријавиш, којзнае колку пари имал или што тој ќе каже колку ли имал…

Може да каже дека имал богзнае колку, а тоа се само илјадарка или две, како што и навистина е. Па уште таму и некој записник, па треба да се потпишеш, па каде ги најде, па како…Туку ти види што тој сè тука има, па јави му се на телефон. Најди му го бројот и ѕвони му, таман ќе го израдуваш пред да сфати дека некаде попатно го изгубил паричникот и пред да падне во несвест…

Прочитајте и...  Невообичаената реакција на зајак кој прв пат пробува лимон ја насмеа јавноста! (ВИДЕО)

И ете, ѕвони телефонот во фирмата следниот ден. Добар ден, јас сум тој и тој, ми го најдовте паричникот, а јас велам – да, еве тука сум, на работа, почекајте ме надвор, ќе ви го донесам. Излегувам, се претставувам, му кажувам каде го најдов, велам дека ништо не сум допрела, каков што го најдов таков е. Го гледам човекот, увидувам дека е тој од фотографијата и му го предавам паричникот, кога следува шок! Тој го отвора, гледа дека се тука неговите документи, а не погледна дали парите се тука, не се ни ракуваше со мене…Едвај низ заби изусти благодарам и си замина!

Јас останав во шок! Па барем да се ракуваше, да застанеше на минутка, да кажеше – е баш многу благодарам, многу направивте…само тие силни документи да мораш одново да ги вадиш…и од банката и личните и сè. Или да понудеше барем некоја награда, колку да се почувствуваш дека ти е благодарен. Јас пари секако не би зела, родителите секогаш ме учеа кога ќе најдам нешто туѓо да го вратам и ништо да не земам. И да понудеше, јас ќе одбиев, но убаво е кога некој ќе ти понуди, се чувствуваш дека некому си помогнал, дека тоа му значи…Но наместо тоа шипки.

Прочитајте и...  Мишел Обама призна дека страда од депресија поради коронавирусот: Важно е да се придржувате до вашата рутина

И потоа, си реков себеси, е веќе нема…Следниот пат кога ќе видам нешто туѓо на улица, само ќе го шутнам на страна, па нека си го бара сам.

Прочитај повеќе

Виц на денот – Диџеј

Слободен печат

Три причини зошто никогаш не смеете фа ги решавате туѓите проблеми!

Слободен Печат

Кој ќе стигне прв до вакцина против корона? Трамп вели дека Американците ќе ја имаат до ноември!

Васко Спасоски

Невообичаената реакција на зајак кој прв пат пробува лимон ја насмеа јавноста! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Ја следат преку 4 милиони луѓе, мажите „умираат“ за неа, а таа вели дека се поправила неколку килограми! (ФОТО)

Васко Спасоски

Манекенката Дариа брутално претепана во Турција: Нема да молчам, еве што ни се случи на плажа! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Откриена бизарната причина зошто Ким Јонг Ун патува секаде со сопствен тоалет!

Слободен Печат

Српскиот актер Андрија Милошевиќ сам на себе си честиташе роденден – ќе ве боли стомак од смеење! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Пет занимливости за една од најпопуларните раси на кучиња!

Слободен Печат

Внуката на принцезата Дајана се сврши за 30 години повозрасен маж, кој од нејзиниот татко е постар за пет години! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пиете по две кафиња дневно? Веројатно не сте ни свесни колку калории внесувате (ФОТО)

Слободен Печат

Ќе бидат објавени две нови песни на Есма Реџепова на српски јазик!

Васко Спасоски