Искусните милијардери знаат каде се парите – Не вложуваат во технологија и фармација

Додека инвеститорите во злато бележат добивки, во 2020 година карактеристично е и тоа што и технологијата и фармацијата добија големо значење поради глобалната пандемија.

Технологијата и фармацијата можеби привлекуваат големо внимание овие денови но тројца милијардери го зголемуваат своето богатство со инвестиции во други сектори.

Мохамед Ал Амоунд од Саудиска Арабија, Александер Несис од Русија и семејството Сулејман Керимов се најверни до златото кога станува збор за најбогатите луѓе во светот, се вели во индексот на милијардери на „Блумберг“. Како резултат на тоа оваа година заедно се збогатиле за 2,8 миијарди долари.

Благодарение на пандемијата од корона вирусот кој ја уништи светската економија како и централните банки и влади кои ги зајакнуваа стимулативните мерки, златото повторно ја зазеде позицијата „крал“.

Инвеститорите кои тргуваат со овој благороден метал ја подигнаа цената на златото која оваа недела достигна рекордно високо ниво.

Керимов, чие семејство контролира 77 отсто од компанијата „Полиус ПЈСЦ“, најголемиот руски рудник за злато, сега вреди 6,6 милијарди долари, покажа индексот на „Блумберг“. Оваа компанија е под контрола на синот на Сулејман Керимов, Саид.

Богатството на Несис, чија „ИЦТ“ компанија има 27 отсто од уделот во рударската компанија „Полиметал интернешнал“ пофрасна на 3,7 милијарди долари, додека вредноста на компанијата „Мидрок Голд“ на Ал Амоунд изнесува 9,2 милијарди.

Додека инвеститорите во злато бележат добивки, во 2020 година карактеристично е и тоа што и технологијата и фармацијата добија големо значење поради глобалната пандемија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот