Искусната Маша уапси шверцери од Македонија и Србија

Македонец и Србин се приведени во Загреб поради сомение дека направиле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Во проверка на автомобил со српски таблички во ауспухот пронајдени се четири пакети хероин со вкупна тежина од 2.199 грама.

Осомничени се 32-годишен државјанин на Македонија и 62-годишен државјанин на Србија. Во апсењето помогнала Маша Иси Топ, службено куче, кое веднаш ја надушкало дрогата, објави Index.hr.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот