ИСКРЕНИ ИСПОВЕДИ кои луѓето никогаш не би ги признале пред други

девојка жена

Сите имаме некоја тајна која ја криеме и се надеваме дека никогаш и никаде нема да биде откриена. Некои не би го признале тоа ни пред личноста на која најмногу ѝ веруваат.

Интернетот, од друга страна, ни ја дава привилегијата да се скриеме зад псевдоним и илустрација, па да дејствуваме анонимно.

Ова се неколку искрени исповеди споделени на интернет, за кои корисниците собрале храброст да се отворат пред голема публика, а сепак анонимно:

„Кога спијам со играчки гледам секогаш да им се откриени главите, за да можат да дишат.“

„Повеќе ми е жал за животните кои гинат во пожари отколку за луѓето.“

„Одржувам страница за нашата населба. Така дознав кои родители не ги вакцинираат децата и не дозволуваме нашите да се дружат со нив.“

„Се преселив илјадници километри од пријателите и семејството и никогаш не сум била посреќна.“

„Девојка ми мисли дека мразам кучиња. Многу сакам, но не сакам да минам низ болката поради нивната смрт.“

„Моето момче веќе не работи за викенди. Ми недостига времето кое го имав за себе.“

„Го сакам кучето на сестра ми, но сум целосно индиферентен во однос на внук ми.“

„Ретко доцнам на работа, но кога тоа се случува е затоа што сум си играл со кучето.“

„Еднаш на два месеца се јавувам на работа и кажувам дека сум болна, за да можам да се наспијам тој ден.“

„Повеќе се грижам за напуштени животни отколку за сиромашни луѓе.“

„Имав секс со мајка му на другар ми. Јас сум биолошки татко на брат му, а тој ништо не знае.“

„Им го позајмувам куферот на моите пријатели кои патуваат. Јас засега не можам да си дозволам патување, па барем тој нека прошета малку.“

„Јас сум успешна жена научник. Но, повеќе од кариерата и платата, сакам да имам маж и деца.“

„Пронајдов напуштена руска сина мачка на улица и потајно се надевам дека никој нема да ја препознае и да ја бара назад.“

„Кога составуваме сложувалки со моите, кријам едно парче за јас да бидам тој што ја завршил.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот