Иско брзо си заминува од Севиља, се скарал со Мончи

Фото: EPA-EFE/José Manuel Vidal

По само пет месеци, Иско си заминува од Севиља.

Според информациите на шпанските медиуми Севиља и Иско се договориле за раскин на договорот, иако тој дојде како слободен играч во јули.

Како што се наведува, една од причините е заминувањето од клупата на Хулиен Лопетеги кој инсистираше Иско да биде доведен во Севиља.

Наводно Иско имал жестока расправија со директорот Мончи пред неколку недели, па сега се донело одлука дека е најдобро да си замине. Во претходните пет месеци Иско за Севиља одигра 19 натпревари и постигна гол во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот