Исклучени од сообраќај 37 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30  сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во 16 сообраќајки полесно биле повредени 24 лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 69 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 37 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 48 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и пет почетници, како и 36 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, A еден возач за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Исто така, осуммина биле санкционирани за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, девет возачи за не носење сигурносен појас, како и 21 возач кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Прочитајте и...  Турската амбасада во Атина бара екстрадиција на војниците кои добија азил во Грција

Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 154 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак”, отстранети биле 144 возила.

Прочитај повеќе

Во Гостивар се запали возило со изборен материјал

Слободен печат

Пленковиќ од Милановиќ доби мандат за формирање нова влада на Хрватска

Слободен печат

СДСМ: Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да брои

Слободен печат

И гувернерот на Оклахома заразен од коронавирус

Слободен печат

Москва: Изградбата на Северен тек 2 ќе бида завршена и покрај санкциите а САД

Слободен печат

Зголемен број на заразени во Грција, репродукцискиот индекс на вирусот сѐ уште е под нула

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„ДУНА”: Апликацијата за изборниот процес функционира нормално, сајтот на ДИК беше хакиран

Слободен печат

Шабани: ДИК во стандардна процедура ги проверува податоците за резултатите од изборите од ОИК

Слободен печат

Јовановиќ: Ќе беше супер ако во Собранието влезеше нова партија, Левица е најлоша од сите

Слободен печат

Албанија: Казна од 15 евра за неносење заштитни маски во затворен простор

Слободен печат

Ципрас му ја честита победата на Заев

Слободен печат

Руската вакцина против коронавирусот е тестирана на 38 луѓе, тврдат била безбедна

Слободен печат