ИСИС ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДОТ ВО ЛОНДОН: Кан е наш борец!

Исламска држава / Фото: Профимедиа

ИСИС вечерва ја презеде одговорноста за нападот на мост во Лондон, објавувајќи дека напаѓачот, 28-годишниот Усман Кан е еден од нивните борци.

Исламската држава објавила дека инцидентот е одговор на нејзините повици да се напаѓаат земји кои се дел од коалицијата која се бори против оваа екстремистичка група.

Исламската држава, меѓутоа, не понудила доволно докази за своите тврдења, јавува Ројтерс.

Усман Кан усмртил двајца, а повредил три лица со убоди со нож, додека носел лажен елек за самоубијци.

Кан се заканувал дека ќе го разнесе Фишмонгерс Хол, каде прируствувал на конференција за рехабилитација и едукација на затворениците во петокот.

Откако избодел пет лица, полицијата го убила на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот