Исени: Јавна тајна е дека во ДУИ постојат две струи – една за СДСМ, друга за ВМРО
„Тешко е да се живее во опозиција и дека ова е природен процес по секои избори. По мене не е аномалија на нашиот систем, но ова кај нас е распарчено, по девет по пет партии во коалиција, и вештачки е расцепкано и е неприродно и треба да се интеренира во законот, посебно за помалите партии каде се еден двајца луѓе на крај се сведува кога ќе го напуштат бродот пред следните избори“, рече Александар Кржаловски, директор на МЦМС, во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека во следниот период ќе се види како ќе влијае потегот на Тачи со напуштањето на „Европскиот фронт“, во неговото гласање во Собранието.
„Сега, ако се гледаат нивните интереси, освен партијата на Турците не мислам дека останатите имаат интерес да се приклучат на сегашната власт. Партијата на Турците секогаш била на власт, туку тоа е разбирливо така што тие ќе можат да ги артикулираат нивните интереси“ рече политичкиот аналитичар Џелал Незири.
Тој вели дека порано имало поголема поврзаност на гласачкото тело со политичката идеологија на политичката партија, а сега е борба за власт и не се бираат средства за да се дојде до неа. Може да се очекува сценарио на приклучување кон актуелната коалиција, вели Незири.
„И премиерот знае и јавна тајна е дека во ДУИ постојат две струи, каде што едни се за СДСМ, а други се за ВМРО. Според премиерот, оние кои се за СДСМ се со криминална структура. Вчерашната изјава на премиерот беше омаловажувачка за Ахмети, бидејќи кога кажа дека ние ќе ти помогнеме да се расчисти тоа криминално стадо, тој како да најави апсење. По која логика еден лидер ќе прифати да се апсат негови соработници? Според мое мислење, тоа е што повеќе да го потчини ДУИ, за после да остави простор за некаква идна соработка, да може да соработуваат,“ рече аналитичарот Џенур Исени.
Околу политичкото разодување меѓу Тачи и Ахмети, Исеини вели дека Тачи со тоа си обезбедил продолжен опстанок на политичката сцена.
„Реално и самата колиција, кога се создаде Европскиот фронт, беше непринципиелна, бидејќи сите знаеме дека некои лидери пред коацилирањето се гледаа на нишан. Мендух Тачи е единствениот кој не живеел, туку преживеал на политичката сцена со неговите акробации и политички потези, и со овој потег направи да остане уште малку на политичката сцена“ рече Исени.