Иселениците и дипломатите можат да се попишат преку веб-апликација

Попис фото МИА

Денеска почнува пописот на населението, домаќинствата и становите што треба да трае до 21 април. Попишувањето ќе почне со одредени категории граѓани, како што се вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Министерството за надворешни работи ќе спроведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација од странство што се на работа по различни основи во служба на државата, потоа наши државјани кои по која било основа престојуваат во странство, без оглед на должината на нивниот престој.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, соопшти дека самопопишувањето ќе се одвива преку едноставна и лесно достапна веб-апликација. Потребно е граѓаните само да се најават со својата електронска адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста на личните податоци е осигурана. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.

Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку  пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници: www.stat.gov.mk, https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx.

Самопопишувањето подразбира пополнување на апликација од лице кое е единица на попис. Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот. Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци. Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март  2021 година во 24 часот. На веб-страната на МНР се објавени и телефонски броеви за контакт за информации за „Попис 2021“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот