„Исцелител“ вечерва премиерно на МРТ

Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Стевревски вечерва премиерно ќе биде прикажан на првиот канал на Македонската радиотелевизија од 21:30 часот.

Филмот го следи секојдневието на механичар од железничко депо во Скопје, кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак, меѓутоа притиснат од криминалците кои си ја бараат дрогата назад и соседите-душкала кои во него гледаат нова надеж, исцелител.

Главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмет.

„Се надеваме дека нашиот магичен колач ќе ви ја ублажи болката од седењето дома“, велат од филмската екипа.

„Исцелител“ од својата премиера досега освои 15 меѓународни награди и се прикажа на 52 светски фестивали, од кои три беа од А категорија. Тој беше првиот македонски филм прикажан на престижната онлајн платформа „HBO GO“ и доби позитивни критики од врвните светски списанија „Variety“ и „Hollywood Reporter“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот