Исчистете го мијалникот од бактерии со брашно

Сите знаеме дека во мијалниците по секое миење на садовите, остануваат остатоци од храна и масни наслаги. Бидејќи во мијалникот постојано се ставаат чинии, важно е тој постојано да биде чист и дезинфициран, бидејќи во спротивно бактериите можат од мијалникот да прејдат на чиниите, а потоа и на храната што ја јадеме.

Кога ќе се земе предвид и фактот дека токму мијалниците важат за најголем извор на бактерии во домот, јасно е дека хигиената на овој дел од кујната мора да се одржува постојано.
Затоа, за да имате чист мијалник, обидете се тоа да го постигнете со употреба на брашно. Верувале или не, со нанесување малку брашно на површината на мијалникот, успешно ќе ги отстраните сите наталожени нечистотии, а истовремено тоа нема да ве чини многу.

Доколку сакате хигиената во кујната да ја одржувате со брашно, во тој случај треба да го следите ова упатство.
– Исчистете го мијалникот, онака како што тоа го правите секојдневно откако ќе завршите со миење на садовите.
– Исушете ја површината со кујнска крпа или со кујнски бришач.
– Во мијалникот истурете околу 100 грама брашно и со погруба крпа убаво втријте го брашното по целата негова површина.
– Оставете го брашното да отстои околу 12 часа, или најдобро е во текот на ноќта.
Немојте да ја миете површината туку едноставно остатокот од брашното соберете го со сува крпа.

На тој начин ќе бидете сигурни дека местото каде што ги оставате садовите во кои служите храна ќе биде исчистено од бактерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот