Исчистени неколку километри од кејот на Вардар во еко-акција

Во најновата еко-акција, што се спроведе денеска во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?”, од патеките и бреговите на двете страни на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба, беше собран целиот сув отпад кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран. За вадењето на отпадот од реката, пак, се погрижија нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело”.

Во еко-акцијата спроведена од волонтерите на Пивара Скопје, се вклучија амбасадорите на Холандија, Велика Британија и САД, Дирк Јан Коп, Рејчел Галовеј и Кејт Бернс со членови на персоналот на амбасадите, а поддршка добија и од волонтерите од СОС Детско село и Стопанската комора на северозападна Македонија. Акцијата ја поздрави и градоначалникот на Гази Баба.

По повод еко – акцијата, генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин истакна дека и оваа акција, е во склоп на нивните заложби за „Свет без отпад”, а изрази задоволство што со секоја нова акција се зголемува бројот на нивните партнери кои ги делат истите вредности.

-Со ваквите волонтерски активности кои ги организираме заедно со нашите партнери, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за идните генерации- потенцираше Тимотин.

И Ико Бардаросвки, директор во Пакомак, се согласи дека одговорноста и обврските за решавање на предизвиците поврзани со заштитата на животната средина треба да бидат рамномерно распределени на сите засегнати субјекти во општеството. Според него, постојат компании и субјекти кои пласираат различна амбалажа на пазарот и генерираат отпад, а не учествуваат во финансирањето на системите за негово собирање и рециклирање, ниту ѝ плаќаат на државата за тоа, со што, вели, директно го оштетуваат буџетот и животната средина.

-Ова е проблем кој мора соодветно да се адресира и да се решава- изјави Брдароски.

Ова е четврта еко-акција спроведена во рамки на Платформата „Рециклирате ли!?”, која е наменета за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот. Првата волонтерска акција се реализира во 2016 година, а покрај чистење на кејот на реката Вардар, се чистеше и околината и водите на езерото Матка Пакомак е специјализирана компанија за управување со отпад од пакување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот