Исчистена дива депонија во Карпош

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Општина Карпош исчисти уште една дива депонија на нејзината територија, во околината на Злокуќани, кај напуштеното фудбалско игралиште. На оваа локација, велат од локалната самоуправа, со години се фрлал отпад од страна на населението.

-Тука често се палеа и огнови на отворено, со што дополнително се придонесуваше кон зголемување на аерозагадувањето. Со цел да се спречи ново создавање на депонија, Општина Карпош ги интензивира инспекциските контроли во овој дел, а воспоставена е и комуникација со полицијата за редовни патроли во вечерните часови. Дополнително, во текот на денешниот ден, комуналните служби на Општина Карпош целосно беа фокусирани на темелно чистење на Злокуќани – велат од општината.

Во претстојниот период, најавуваат, ќе се чистат и мини депонии под мостот „Газела”, како и во Бардовци, во близина на реката Лепенец.

Претходно, Општината ја затвори депонијата кај мостот „Газела” (спроти Карпош 4), како и децениските депонии кај Спортскиот центар „Борис Трајковски”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот