Исчистен снегот на сите критични места во Општина Бутел

Фото: Општина Бутел

Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките и тротоарите.

Екипите за зимско оддржување во Општина Бутел заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен и работат на расчистување на снегот, се со цел непречено движење на населението, информираат од оваа скопска општина.

Навремено се исчистени сите критични места во Општина Бутел. Главните улици како и сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот. Тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките и тротоарите. Општина Бутел ќе ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање – истакна градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот