Исчезнато 8-годишно дете од Германија по една недела пронајдено живо во канализација

Фото: Профимедиа

Германските служби пронајдоа исчезнато момче кое преживеа повеќе од една недела во канализација.

Осумгодишното момче, кое беше именувано само како Џо, исчезна на 17 јуни од неговата семејна градина во Олденбург, по што беше започната потрага. Тој бил пронајден во саботата наутро, кога случаен минувач слушнал бучава под капакот на шахтата, пишува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека момчето се вовлекло во отворот за канализација на денот на неговото исчезнување. Откако пожарникарите го извлекле од канализацијата на околу 300 метри од неговата куќа, тој бил пренесен во болница. Тој бил хипотермичен, но немал поголеми повреди.

„Благодарение на пријавата од граѓаните, успеавме да го најдеме Џо во канализацијата. Најважно е што е жив и што веднаш е пренесен во болница, каде е во добри раце. Сите можеме да дишеме воздивнеме со олеснување“, изјави началникот на полицијата Јохан Куме.

Полицијата денеска соопшти дека момчето се вовлекло во канализацијата, а потоа се изгубило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот