Лидија Трајковкса / Фото: Фејсбук

Исчезнатата Лидија Трајковска е жената пронајдена во водите на Вардар

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. По ДНК анализата, утврдено е дека станува збор за исчезнатата 43-годишна Лидија Трајковска од скопското село Јурумлери.

Информацијата ја потврди и нејзиното семејство.

– Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност. Сите сме потресени, но истовремено, му благодариме на Бога што ни ја врати назад, барем да ја погребаме достоинствено. Периодот на неизвесност кој го минавме, а и ова што се случува сега, никому не го посакуваме. Премногу е тешко… Благодариме на сите кои ни пружија поддршка во тешките моменти додека ја баравме нашата сестра, на сите кои се ставија во наша кожа и покажаа грижа и разбирање – истакнаа братот и сестрата на Лидија, објави „Фокус“.

Лидија исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.

Потрагата по неа траела со месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.

Со дрон се бара исчезнатата Трајковска, пронајдени нејзини предмети

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот