Исчезната шпанска скијачка Очоа пронајдена мртва

Телото на легендарната шпанска скијачка е пронајдено во областа ла Пењота на планинскиот венец Серседиља во провинцијата Мадрид. Нејзиното исчезнување беше пријавено на 23 август од страна на нејзината ќерка, а телото е пронајдено денеска.

– Солидарноста и поддршката во Серседиља беа необјасниви. Голем број на спасувачки екипи и волонтери се вклучија во потрагата за Бланка. Сочувство до нејзиното семејство – изјави премиерот Санчес.

Бланка Фернандез Очоа последен пат беше видена во Араваки, додека нејзиниот автомобил беше пронајден во неделата во градот Серседиља.

Шпанската скијачка учествуваше на четири Зимски Олимписки игри, помеѓу 1980 и 1992 година и стана прва Шпанка која освои медал во скијачките дисциплини. Таа на ЗОИ во Албервил го освои бронзениот медал во слалом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот