Исчезнал пред 40 години: Островот кој го поплави Југославија

Овој речен остров одамна исчезнал, го проголтола водата пред 40 години, но неговото постоење и натаму останува во историските книги.

Иако повеќе не постои, на Гугл Мапс се уште постои означен дел среде Дунав, кој се вика Железна врата, пишува Винтаџ Њуз.

Островот чие име е Ада Калех се наоѓа на само 60 километри северно од местото каде се среќаваат границите на Србија, Романија и Бугарија. Островот бил опкружен со големи карпи, поради чија импозантнос, го добил и називот „Железна врата“.

Бурна историја

Целата површина на островот се состоела од песок.  Низ историјата островот Ада Калех, бил дел од многу различни историски настани и затоа е познат по неколку различни имиња. За првпат во еден официјален извештај овој остров бил споменат во 1430 година.

Островот бил познат и како Сзиет (унгарски), Оровостров (српски) и Инсула Орсовеј (романски). На крај сите го знаеле по името Ада Калех.

Островот е познат и по големите градби, а една од првите градби била изградена од Хабсбуршката монархија. Требало да ја одбрани Европа од османлиските напади, но Турците сепак ја освоиле во 1699 година, а потоа неколку пати ја губеле и освојувале, за во текот на војната во 1716-18, островот да го заземе Австрија.

Сепак, османлиите повторно го преземале островот ово 1738 година, а Австријците си го вратиле островот во 1789 година, но во 1791 година биле присилени повторно да му го вратат на Османлиското царство. 

Работите се промениле во 1878 година по потпишувањето на Берлинскиот договор, кога Ада Калех останал заборавен, па се нашол во необична позиција. Иако островот правно и припаѓал на Австроунгарија, тамошното население и натаму било под власт на османлскиот султан, кој острвот го прогласил за своја сопственост и одредил градоначаник и кадија.

Конечно, во 1913 година, Унгарија се одлучила да го анектира Ада Калех, а по Првата светска војна, островот и неговиот северен брег им биле доделени на Романија.

Во текот на целиот тој период Османлиското царство не прифаќало ниту една од погоре наведените анексии. Се до 1918 година непрекинато испраќале војска на островот за да ги заштитат своите интереси.
На крај, Ада Калех бил нивниот последен европски територијален посед западно од Едирнеа. Островот го ослободиле во 1923 година, откако го потпишале Лозанскиот договор и воспоставиле модерна Република Турција.

Егзотична туристичка дестинација

До 1931 година на островот преовладувал голем бран на сиромаштија, но тоа се променило откако кралот Карол Втори го посетил островот Ада Калех и одлучил да ги ослободи граѓаните од плаќање данок. Тоа довело до огромни промени на островот, кој наеднаш се претворил во егзотична, романтична и профитабилна туристичка дестинација, која ја посетувале стотици илјади луѓе годишно.

Жителите биле дел од различни култури, повеќето од нив биле Турци, но имало и жители и од Босна, Бугарија и Албанија.

Со своите тесни улици и џамии, островот на своите посетители им нудел единствен поглед на „Ориентот во срцето на Европа“.

Неговиот главен плоштад бил преполн со кафулиња и продавници за ориентален текстил и накит. Повеќето од локалното население живеело од риболов и производство на тутун, но и од туристи и шверцување.

Кон крајот на Втората светска војна на островот се случиле нови промени. Романија станала комунистичка земја, а во страв дека Романците ќе се обидуваат да мигрираат преку река во помалку репресивната Југославија, нивната влада го ограничила пристапот на островот.

Во Ада Калех тогаш повторно завладеала сиромаштијата, а во желба да се справи со растечката невработеност, романскиот лидер на островот одлучил да изгради мала фабрика. Но, таа не работела добро, а тоа само го означило почетокот на крајот на островот.

Почеток на крајот

Во 1964 година, Југославија го започнала својот проект за изградба на голема хидроелектрана „Железна врата“. Тоа значело дека островот ќе го снема од лицето на земјата.

Тогашниот романски лидер потпишал и договор со кој островот можел да биде и поплавен.

До 1968 година сите го напуштиле островот. Островот Ада Калех престанал да постои од 1971 година, а се што денеска е останато од него се само сеќавања на неговото постоење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот