ИСЧЕЗНАЛ ПРЕД 22 ГОДИНИ: Тело на маж пронајдено со помош на „Гугл мапс“

гугл мапс
Принтскрин/Гугл мапс

Тело на човек кој во 1997 бил пријавен како исчезнат, е пронајдено со помош на „Гугл мапс“.

Посмртните останки се пронајдени во автомобил потопен во вода, кој бил забележан преку сателитската снимка во езеро во населбата Мун Беј во Велингтон.

Се работи за Вилијам Молд од Флорида, кој изчезнал на 7 ноември 1997, а не се вратил дома по вечерното излегување. Тој никогаш не бил пронајден, па случајот бил затворен.

Поранешен жител на Мун Беј го гледал местото со помош на „Гугл мапс“ и забележал нешто необично во езерцето. Тој контактирал со познаник, кој пак, направил снимка со дрон.

Случајот бил пријавен во полицијата. Откако автомобилот бил извлечен, во него се пронајдени останките на Молд. Се претпоставува дека тој изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што потонал во езерцето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот