Исчезна шпанска легендарна скијачка

Шпанската полиција потврди како е покрената потрага по 56-годишната Очоа која последен пат е видена пред седум дена. Таа е забележана во предградие на Мадрид додека се возела со своето возило „Мерцедес“ и од тогаш и се губи секоја трага. Возилото е пронајдено, но според извори од полицијата во Мадрид, немаат никакви конкретни докази и сознанија што се случило со Очоа.

Поранешната скијачка станот го напуштила без својот мобилен телефон и во меѓувреме не ги користела кредитните картички. Нејзиното исчезнување го пријави ќерката Оливиа Фреснеда.

Бланка Фернандез Очоа, стана шпанска спортска хероина откако на Зимските Олимписки игри во 1992 година во Албервил, Франција го освои бронзениот медал во слалом и стана првата шпанска скијачка која освоила медал од ЗОИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот