Исчезна професорот во пензија и архитект Георги Константиновски

Македонскиот архитект и професор во пензија, Георги Константиновски се води како исчезнат.

Семејството го пријавило во полиција неговото исчезнување, но не се сигурни кога точно го напуштил домот во Бардовци, каде живеел 35 години.

Героги го нема од ноќта меѓу петокот и саботата. Во меѓувреме во Брза помош е донесено тело најдено во Бардовци, но сѐ уште не е идентификувано.

Константиновски е автор на студентскиот дом Гоце Делчев, Домот на печат во Приштина за кој доби југословенска награда, на објектот во Пелинце и Сеизмолошкиот завод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот