Исчезна најголемиот еквадорски водопад! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Најголемиот еквадорски водопад Сан Рафаел пресуши откако големиот понор исчезна и „проголта” голем дел од водата којашто се слева на тоа место.

Водопадот на реката Кока е голема туристичка атракција и досега привлекуваше десетици илјади луѓе годишно.

Висината на водопадот изнесуваше 45 метри, а важеше за најголемиот водопад во Еквадор.

Според снимките на НАСА, од водопадот сега останале само три потока.

Сѐ уште не е јасно дали станува збор за природна појава или за промена на речниот тек предизвикана од изградба на браните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот