Исчезна Македонка во Германија: Семејството трага по Наташа една недела

Семејството на 25-годишната Наташа Соврановски испраќа апел за нејзино пронаоѓање откако седум дена не оствариле контакт. Наташа е од Македонија по потекло, а исчезнала во Германија.  Таа последен пат била видена на втори септември, а носела црна маица и црни панталони со странични џебови, и црни „Најк“ патики. Апелот е испратен од семејството кое бара какви било информации за исчезнатото лице.

Во апелот кој се шири на социјалните мрежи, односно во групата Македонци во Германија, наведено е дека Наташа е висока 180 сантиметри, локацијата на исчезнувањето е Завелштајн. Таа има темно кафена коса и кафени очи а како карактеристика за препознавање е издвоено дека има тетоважа на подлактицата. Семејството апелира доколку некој има информации за тоа каде се наоѓа да пријави на +49 1573 4580153 или директно да ја контактира германската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот