Исчезна 13-годишно девојче од Ниш, полицијата интензивно трага по неа

Српска полиција/ Фото: МИА

Полицијата во Ниш потврди дека интензивно трага по тринаесетгодишно девојче, чие исчезнување го пријавиле нејзините родители, пренесуваат повеќе српски медиуми.

Девојчето живеело со родителите во населбата во Ниш, Ново Село, а асега не се познати околностите под кои девојчето исчезнало.

-Вознемирен сум. Ве молам споделувајте ја веста и ве молам ослободете ги линиите ако некој се јавува за да соопшти нови информации – вели таткото на исчезнатата 13-годишна Тамара Б., пренесува Новости.рс.

На социјалните мрежи е објавено дека девојчето последен пат е видено во 7.00 часот наутро и дека носела сина маица, бели панталони и жолти патики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот