Исаура од „Преспав“ испрати силна порака до сите жени

„Блиску до себе. Чекор три… Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два сантиметри“, стои на фотографијата која македонската актерка Емра Куртишова ја објави на својот инстаграм профил.

Нејзината фотографија е повеќе од обичен едиторијал или провокација. Целта на оваа фотографија на Куртишова е подигање на свеста кај жените за борбата против ракот на дојката.

Октомври – месец на борбата против ракот на дојката! – пораката која ја носи фотографијата на Куртишова.

Инстаграм – Емра Куртишова

Редовниот самопреглед на дојките е првиот чекор во рано откривањето на карциномот и негово лекување.

На фотографијата Куртишова го покажува третиот чекор од целосниот самопреглед кој треба да го практикува секоја жена во својот дом.

Посветете се денес на своето здравје и направете си самопреглед во домашни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот