Исајлоски: Секоја прволигашка минута треба да се искористи максимално

фото: kfsm.mk

Играв против доста поискусни играчи, тоа е едно ново иксуство во кариерата – вели гостиварецот во редовите на МЗТ Скопје Уни Банка.

Оваа сезона Виктор Исајлоски направи сериозен исчекор кон она што се вика „сериозна кошарка“. Односно запиша доста солидна бројка на настапи и во прволигашка конкуренција.

Како играч на МЗТ Скопје Уни Банка, ја оправда довербата на стручниот тим на „металците“, да проба, да види и да одговори на барањата кои со себе ги носи ова повисоко ниво на натпреварување од она младинското.

Доби и најголем број на минути од тренерот Горан Крстевски, скоро 32 по натпревар. Беше еден од оние кои на 17. средби во Првата лига имаа(т) двоцифрен просек на реализирани поени, по 11.3 по натпревар. Беше и еден од најдобрите скокачи (просек по 4.3 по меч), и најдобар според бројот на освоени топки (по 1.7 по натпревар).

Иако тимски и не помина според посакуваното (неговата екипа остана без победа во регуларниот дел), сепак сите овие бројки го тераат да размислува позитивно, дури и во време на прекин на сезоната.

За првпат Исајлоски почувствува како е да се игра сениорска кошарка..

За мене чувството беше одлично. Затоа што, пред сè, играв против доста искусни играчи. И затоа што со секој нов ден, секоја минута помината во игра, станував подобар и подобар, гледајќи ги и играјќи против нив – рече Исајлоски.

Воедно жали што пандемијата нема да се игра на Европското првенство..

За тоа жалам, пред се затоа што долго време чекавме да дојде тој момент. Да направиме што е можно поголем успех, и заедно сите да напредуваме и на репрезентативен план – додаде нашиот млад репрезентативец во интервјуто за сајтот на македонската кошаркарска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот