Ирвинг: Се вратив дома – Слободен печат
КошаркаСпорт

Ирвинг: Се вратив дома

Ол стар бекот Кајри Ирвинг призна дека отсекогаш сакал да игра за Бруклин нетс бидејќи израснал во Њу Џерси.

Кајри Ирвинг на првиот ден од стартот на преодниот рок во НБА лигата, го напушти Бостон селтикс и потпиша за Бруклин нетс. Ол стар бекот потпиша четиригодишен договор тежок 141 милион долари.

– Отсекогаш сакав да игра дома. Поради љубовта кон семејството и местото каде што израснав, отсекогаш замислував да играм за нетс. Не би менувал ништо кога станува збор за патот кој го поминав во НБА. Ме донесе таму каде што сакав. Бев четврто одделениот кога го гледав нетс во финалето на НБА и оттогаш сакав да играм и среќен сум во Бруклин – изјави Ирвинг кој израсна во Монтклер, во Њу Џерси.

Покрај Ирвинг, за Бруклин нетс ќе настапува и Кевин Дурант со што ги прави „мрежичките“ еден од главните фаворити за титулата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close