Ирвинг му го украде шоуто на Дурент, има луд предлог за Бруклин

Кајри Ирвинг, кошаркарот на Бруклин нетс/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Ѕвездата на Бруклин нетс, Кевин Дурент, пред неколку дена му постави ултиматум на сопственикот на екипата, или ќе ги избрка тренерот Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс, или тој ќе си замине, а денеска се огласи втората голема ѕвезда на екипата, Кајри Ирвинг со исто така лудо барање.

Сопственикот на Бруклин, Џозеф Цаи не одоговори на барањето на Дурент по што ѕвездата денеска побара да биде разменета во Бостон, а само неколку часа подоцна по објавата на Дурент се појави Кајри за да му го украде шоуто.

Имено, Ирвинг побара во новиот договор да се вметне клаузула според која тој нема да игра повеќе од 60 натпревари во регуларниот дел од сезоната, како и да не игра на натпреварите кои ќе се играат од ден на ден бидејќи смета дека тоа не е „хумано“.

Се очекува ова барање на Ирвинг да биде одбиено од управата на Бруклин која веќе бара заинтересирани екипи за да го размени ол-стар бекот. Како можна дестинација на Ирвинг се споменува Лос Анџелес Лејкерс кој во замена за него го нуди Расел Вестбрук.

Ирвинг минатата сезона пропушти поголем дел од сезоната бидејќи одбиваше да се вакцинира против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот