Ирски репрезентативец му вперил пиштол во челото на селекторот

EPA/FRISO GENTSCH

Поранешниот репрезентативец на Северна Ирска, Кајл Лаферти откри дека на Европското првенство кое се одржа во Франција пред четири години му вперил пиштил во главата на селекторот Мајкл О’Нил.

Напаѓачот на Сандерленд откри дека тоа се случило по поразот од Велс кој значеше елиминација на Северна Ирска, а станувало збор за невкусна шега.
Лаферти беше дел од првиот тим на репрезентацијата на Северна Ирска на натпреварот против Полска, но не и против Украина.

– По мечот со Велс направиме завршна забава, со нас беа и три лица од обезбедувањето кое секогаш беше покрај нас и тие секогаш носеа оружје со себе. Тоа беа момци со кои не смеете да се задевате, меѓутоа брзо се спријателивме. Тие почнаа да пијат на забавата и во еден момент рекоа дека ќе излезат и ќе се врата за 10 минути. Мислевме дека отидоа по алкохол, но се вратија со оружје, имаат пушки, пиштоли, очила за ноќно гледање… Селекторот О’Нил седеше на другиот крај од собата, а јас зедов пиштол и тргнав кон него. Му го ставив на челото и во шега му реков: Дали сега жалите што не ме ставивте да играм против Украина – открива Лаферти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот