Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Фото: EPA-EFE/Julien de Rosa

Ирската комисија за заштита на податоци (ДПЦ) денеска соопшти дека почнала истрага против компанијата Фејсбук, откако беа објавени личните податоци на околу 533 милиони корисници на оваа социјална мрежа ширум светот.

Фејсбук минатата недела преку објава на блог соопшти дека „малициозни актери” ги добиле податоците пред септември 2019 година, користејќи ранливост во алатката за синхронизација на контактите на социјалната мрежа.

ДПЦ наведе дека, имајќи ги предвид информациите обезбедени од Фејсбук, смета оти една или повеќе одредби од Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците (ГПДР) и Законот за заштита на податоците од 2018 година „би можеле да бидат прекршени, и дека сега се кршат по прашањето на личните податоци на корисниците на Фејсбук”.

Фејсбук сè уште ја нема коментирано истрагата.

ДПЦ е водечки регулатор на Европската унија за Фејсбук, Епл, Гугл и други технолошки гиганти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот