Ирска пред историски промени: Подемот на Шин Фејн и политичката состојба на Зелениот остров

Ирско знаме/ Фото EPA/AIDAN CRAWLEY

Изборите во Ирска треба да се одржат пред февруари 2025 година, но бидејќи коалицијата од три партии има тенко мнозинство, постои солидна шанса да се организираат предвремени избори, a политичкото крило на ИРА има најголеми шанси да дојде на власт.

Политичката сцена во Република Ирска се соочува со голем притисок. Шин Фејн, поранешното политичко крило на Ирската револуционерна армија (ИРА), е најпопуларната во анкетите, а нејзиниот благ, но навидум незапирлив пораст во популарноста сугерира дека следните избори би можеле да ја видат најголемата промена во Ирска од нејзиното основање, пишува Гардијан.

Бомбардирањето на Даунинг Стрит

Пред само 30 години, ИРА го бомбардираше Даунинг Стрит, фрлајќи три бомби, додека Џон Мејџор претседаваше со владиниот состанок. Анкетите спроведени оваа година покажуваат дека Шин Фејн, политичка партија поврзана со ИРА, би можела да ја предводи ирската влада.

Изборите во Ирска се планирани за три години и победата на Шин Фејн или која било друга партија е далеку од загарантирана, но бавната сеизмичка промена во ирската политика се чувствува нашироко.

„Прашањето не е дали ќе го направи тоа, туку кога Шин Фејн ќе биде на власт“, ​​изјави за Гардијан познат бизнисмен кој не сакаше да биде именуван.

Јужно од границата, Шин Фејн продолжи да и се додворува на средната класа и целосно го промени својот имиџ. Коментаторите ја припишуваат извонредната популарност на партијата на способноста на нивната лидерка, Мери Лу Мекдоналд, која нема никаква врска со ерата на неволјите и ги гледа како радикално раскинување со минатото.

Мери Лу Мекдоналд/ Фото EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Промена на тактиката

За тоа придонесе и промената на тактиката и фокусот на членовите, во главно за економските и здравствените прашања во Ирска. На овој начин, Шин Фејн го прошири својот круг надвор од работничката класа која претходно беше нивна главна потпора.

Анкетите покажуваат дека партијата ја зголемила својата предност во однос на двете партии кои доминираат во ирската политика веќе цел еден век. Една неодамнешна анкета на Irish Times покажа дека поддршката за Шин Феин сега е 35%, што е навидум непремостлив јаз за двете главни партии во коалициската влада – Фиана Фејл и Фајн Гаел – кои имаа по 20%. Во претходните анкети, Шин Фејн имаше 32-33 отсто поддршка.

„Сведоци сме на политичка револуција што се случува пред наши очи“, коментираше пратеникот од Лабуристичката партија Ендрју Адонис, кој присуствуваше на партиска конференција во Даблин во октомври.

Промени во односот со Лондон

Шин Фејн е мистериозна и дисциплинирана партија чии членови ретко се оддалечуваат од политиките на лидерот, а политиката во последно време посегнува до компаниите, синдикатите… односно, до средната класа. Доколку оваа партија, основана во 1905 година, навистина влезе во владата, ќе дојде до драматична промена во односите со Лондон и тоа ќе биде чекор кон обединување на Ирска.

Подемот на Шин Фејн во Република Ирска првпат беше навестен во 2020 година, кога тие освоија најмногу преференцијални гласови на општите избори во февруари. Резултатите не им помогнаа да дојдат на власт затоа што партијата номинираше 42 кандидати во трката каде потребни беа 159, но „генерираше значителни промени во политичкиот пејзаж“, рече Агнес Мајо, професор по политички науки на Универзитетот во Даблин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот