Ирска компанија направила кукла по девојче со Даунов синдром: Децата можат да научат повеќе за различностите преку игра

twitter

Ирската компанија „Лоти Долс“ ја претстави својата кукла Рoузи Бу, инспирирана од 6-годишната Роузи Барнет од Вилтшир, која има Даунов синдром.

Коосновачот на компанијата Иан Харкин, вели дека одлучиле да направат кукла по Роузи, откако нејзините родители минатата година завршија во медиумите, бидејќи за својата ќерка во дворот направиле копија од дрвената куќичка за кукли на брендот „Лоти Долс“.

Куклата е направена по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се слави на 21 март.

За време на карантините, нејзините родители сакале да ја расположат Роузи, па решиле да ѝ направат верзија во природна големина од нејзината омилена играчка во нивниот двор. Таткото на девојчето, Џејсон Книн, вели дека целото семејство било воодушевено бидејќи помогнале да се подигне свеста за лицата со Даунов синдром.

Воодушевени сме, особено во овој период од годината, затоа што можеме да ја подигнеме свеста за Дауновиот синдром и да ги едуцираме децата за разликите што доаѓаат со овој синдром и зошто овие деца се посебни. Она што е добро кај брендот „Лоти Долс“ е начинот на кој тие пристапуваат кон дизајнот на куклите и ја слават различноста“, вели тој.

Дел од средствата собрани од секоја продадена играчка ќе одат во добротворната организација „Andоver Twenty1“ што им помага на децата со Даунов синдром.

Досега научивме дека играњето со играчки кои претставуваат разлики помага да се развие емпатијата кај децата, пред социјалното опкружување да детерминира како да реагираат на различностите. Неверојатно е моќно како децата гледаат на кукла која личи на нив, но подеднакво е важно сите деца да имаат такви играчки кои ја слават различноста“ додаде Џејсон Книн.

Twitter

Компанијата „Лоти Долс“ со години ги слави различностите и имаат повеќе производи инспирирани од деца со аутизам и дефицит на внимание и хиперактивност.

Многу е важно компанијата што комапнијата има кукли со различни услови и попречености и различни типови на тела, бидејќи на овој начин децата можат да научат повеќе за овие работи преку игра“, заклучи Џејсон за „Дејли Мејл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот