Ирска ги тргна Германија, Полска и Литванија од т.н. „зелена листа“

Ирска денеска ги тргна Германија, Полска и Литванија од т.н. „зелена листа“ на која преостанаа само четири држави од кои патниците нема да мораат во 14 дневен карантин при влез во земјата.

Ирците кои имаат едни од најстрогите рестрикции за патување во Европа, дозволува влез на патници во земјата за лица од држави со стапка на зараза од ковид-19 под 25 на 100.000 жители за период од две недели.

Па, како резултат на тоа, само патници од Финска, од Лихтенштајн, од Летонија и од Кипар од понеделник нема да мораат во двонеделен карантин при влез во Ирска, објави ирското Министерство за надворешни работи.

Три од нив, пак, имаат рестрикции за патници од Ирска која моментно е со стапка од 71 заразено лице на 100.000 жители, според Европскиот центар за контрола на болести.

Прочитајте и...  Сите здравствени работници ќе бидат наградени, Владата издвои 54 милиони денари за нив

Ирската влада најави дека ќе усвои полиберален систем на координирани правила за патување, штом бидат усвоени на ниво на Европската Унија (ЕУ) кон средината на октомври.

Европската Унија, пак, настојува да стави крај на импровизациите при носењето на националните мерки во врска со пандемијата на ковид-19 и усогласување на здравствените критериуми со цел да се избегне блокада на слободно движење на луѓето.

 

Поврзани вести

ВИДЕО: И Макрон воведува карантин во Франција, почнува од петок

Слободен печат

ВИДЕО: Меркел ја затвора Германија, карантин од 2 ноември

Слободен печат

Рекордни 870 новозаболени во Македонија, 14 пациенти починаа

Слободен печат

Маричиќ: Целта на предлог-законот е пописот повеќе да не биде политичко прашање

Илинка Иљоска

Болниците во Словенија бараат волонтери, расте бројот на заразени лекари

Илинка Иљоска

Маричиќ: Зошто да не се обидеме и судењата да бидат онлајн?

Слободен печат

Остави Коментар