ИРЛ: Привилегирани ѕверки – Чии се летните клубови
Лица од бизнисот, политиката и естрадата го држат просторот за диско клубови во Градскиот парк. Работат нелегално и без договори и лиценци, но се надвор од радарот на институциите, кои дејствуваат во нивна заштита, пишува Ирл.мк.
Вработени во фирмата на заменик градоначалникот на Град Скопје и советник, Енвер Малиќи, како и поп ѕвездата и бизнисмен Дарко Гелев Брејк се дел од лицата вмешани во овој бизнис. Ниту Трајановски, ниту Шилегов не се замерувале со кафеанџиите од Градскиот парк ниту ги спроведувале законите.
Хаосот и беззаконие во име на интересите на малкумина се случува на 100 метри од седиштето на општината во срцето на Скопје.
Истражувањето на Истражувачката Репортерска Лабораторија открива дека во центарот на Скопје, на само стотина метри од кабинетот на градоначалникот, опстојува не само забавна, ами и сива зона во која што правилата и законите не постојат.
Документите покажуваат врски со моќни лица од политичкиот живот. Хаосот и беззаконието почнале во времето на поранешниот градоначалник Коце Трајановски, а продолжуваат и денеска со Петре Шилегов.
Целото истражување прочитајте го тука.