Ирина Шајк забележана како излегува од станот на Бредли Купер, но на неа има промена: Дали манекенката е бремена? (ФОТО)

Манекенката Ирина Шајк е една од најпопуларните жени на планетата и секако една од најпосакуваните, па многумина беа во шок кога се прогласија гласините дека поранешниот партнер Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа, ја изневерил со пејачката Лејди Гага за време на снимањето на филмот „A Star Is Born“.

Профимедиа

Тие гласини се уште не се потврдени, но едно е сигурно – Ирина и Бредли се разделија брзо откако се појавија гласините.

Профимедиа

Ирина признала дека животот без Бредли е нешто ново за неа, покажа дека излезе насмеана од нивната љубовна приказна, а неодамна папараците ја забележаа со милионерот Вито Шнабел. Парот е нераздвоен и медиумите често ги гледаат заедно како идат кон неговиот стан, но најновите фотографии од Ирина покажуваат дека има многу работи кои јавноста не ги знае.

Профимедиа

Всушнот, папараците ја забележале Шајк како го напушта станот на Бредли Купер во Њујорк, каде наводно се задржала дури 4 часа.

Профимедиа

Манекенката излегла во широка Барбери кошула и кратки шорцеви, а оваа модна комбинација е уште поинтересна поради нејзините фотографии кои настанале подоцна и кои наводно сугерираат дека манекенката е бремена.

Профимедиа

Како што јавуваат светските медиуми, Ирина вчера била видена како шета во интересно црно здолниште во кое нејзиниот стомак изгледа поголем од вообичаено, а во повеќе наврати го прекривала и со рацете.

Дали Ирина има само некој килограм плус или е бремена, останува на времето да покаже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот