Ирина Шајк: Најдобриот пријател на татко ми ми држеше пиштол на главата

Instagram

Познатата манекенка не сака да открива детали од приватниот живот, но сега направи исклучок. Таа прозборе за шокантното искуство кое ѝ се случило кога била мала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Кога имав шест години нè ограбија. Ја отворив вратата од домот и налетав на тројца маскирани мажи, од кои едниот ми држеше пиштол на главата. Подоцна се дозна дека ги пратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа немам многу пријатели, тешко ми е да им верувам на луѓето. Порано не зборував за оваа тема“, открива 35-годишната манекенка.

Profimedia
Profimedia

Шајк додава дека многу ѝ е важно нејзината ќерка Леа, која ја доби во врската со актерот Бредли Купер, да биде свесна дека од каде им се парите и да ги почитува.

Сакам ќерка ми да знае дека мајка ѝ има работа и заработува, бидејќи сакам да ја одгледам во силна жена. Подароците и храната не паѓаат од небо“, истакнува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот