Ирина Шајк: Како сиромашната девојка од Русија стана една од најбараните модели на денешницата

ирина шајк
Ирина Шајк / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатиот руски модел Ирина Шајк на 6 јануари наполни 36 години. Иако денес важи за една од најубавите жени во светот и за една од најбараните и најплатените манекенки, израснала во сиромаштија…

Детството и младоста Ирина ги поминала во малиот руски град Јеманжелинск. Нејзиниот татко, кој, како и многумина, работел во рудник за јаглен, се разболел и умрел во раните четириесетти години, а мајката на Ирина останала самохрана мајка на две ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Мајката на Ирина напорно работела како професорка по музика, но тоа не било доволно за да го издржува семејството и нашла друга работа за да може да „врзе крај со крај“.

„Всушност сакав да станам новинарка, но без разлика како го замислував мојот иден живот, некако бев сигурна дека ќе го напуштам родниот град. Чувствував дека тоа е мојата судбина“, во една прилика изјави Ирина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Сонот на Ирина да избега од Русија почнал да се остварува кога благодарение на нејзината мајка, случајно била забележана од агенција за модели. Вработените ја забележале Ирина и биле воодушевени од нејзината убавина.

Во една прилика, пријател од детството на Ирина изјави дека тогаш живееле сосема поинаку од нејзиниот сегашен гламурозен живот.

„Тогаш немавме пари за основни потреби, а камоли за луксуз. Мајката на Ирина работеше како роб за своето семејство. И Ирина беше решена да ја искористи секоја шанса да замине во Москва, а потоа и во остатокот од светот“, додал тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

На 18-годишна возраст отпатува во Москва каде што направила портфолио и набрзо се нашла во Холивуд, каде изградила кариера.

Откако се појави на насловната страница на „Sports Illustrated Swimsuit“ во 2011 година, стана светски позната, а порталот „Models“ ја рангираше како „икона на индустријата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Убавата Русинка во текот на својата кариера работеше за бројни луксузни брендови како „Versace“, „Givanchy“, „La Perla“, „Roberto Cavalli“, „Armani“ и многу други.

Шајк беше во врска со фудбалерот Кристијано Роналдо од 2009 до јануари 2015 година. Неколку месеци по раскинувањето со Ронално, Ирина започна врска со актерот Бредли Купер, со кој ја има ќерката Леа де Сена. Двојката се раздели
во 2019 година.

Видео на денот